Двајца повредени во судир на „Ауди“ и камион кај Скудриње, накај Дебар сега се вози без пречки

Од:

Двајца повредени е билансот од сообраќајната несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат кај долнореканското село Скудриње. По извршениот увид, сообраќајот, кој се одвиваше забавено, е нормализиран и отворени се двата правци.

Од СВР Тетово информираат дека денеска околу 14 часот била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во која учествувале:патничко миторно возило “ауди” со струшки регистарски ознаки управувано од В. Ц. (53) од Дебар и товарно моторно возило-влекач “даф” со скопски ознаки, што го управувал Ј.Д.(45) од Скопје. Во несреќата, возачот и две сопатнички во “аудито” се здобиле со повреди и пренесени се во дебарската болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. За време на увидот, во прекин беше сообраќајот за тешки моторни возила, а наизменично се пропуштаа автомобилите.

Би можело да ве интересира

Момче (19) загина во сообраќајка во Хрватска, двајцата сопатници се неповредени

А1он

Со дронови и „Безбеден град“ пронајден превртениот мерцедес кај Блаце

Катерина Ѓуровски

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во центарот на Скопје – повреден е мотоциклист

А1он

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он