Кливленд Кавалирс го сакаат Кевин Лов, а на Минесота Тимберволвс како компензација им нудат два играчи и првиот пик на драфтот оваа година.
Кавалирс наводно се спремни на Тимберволвс да им ги дадат Тристан Томпсон и минатогодишниот 4. пик Дион Вејтер.
Меѓутоа, генералниот менаџер на Минесота, Флип Сандерс ја одби оваа понуда на Кливленд за најголемата ѕвезда на неговиот тим.
Сандерс смета дека со опоравувањето на Лов и враќањето на Рики Рубио, спремните Никола Пековиќ и Мартел Вебстер т.е Дерик Вилијамс заедно со Андреj Кириленко ќе имаат тим за пласман во плеј-офот на Западот.