ВИДЕО: Жена и дете убиени во пукање на Флорида, напаѓачот си го одзеде животот

Од:

Три лица, меѓу кои и едно дете, беа застрелани денеска во еден супермаркет во американската сојузна држава Флорида.

Нападот се случил во маркетот Пабликс во Ројал Палм Бич, 130 километри северно од Мајами, соопшти полицијата.

– По пристигнувањето, полицијата пронајде две жртви кои починале од прострелни рани – повозрасна жена и дете. Меѓу загинатите е и напаѓачот, соопшти канцеларијата на шерифот во округот Палм Бич. Медиумите пишуваат дека тој си го одзел животот.

Засега не е позната причината за нападот. Во јужниот дел на Флорида во последните неколку недели се случија повеќе инциденти со пукање, но денешната трагедија ги немала елементите на инцидент со таканаречен „активен пукач“, туку се работи за убиства од поинакви мотиви, соопшти канцеларијата на Шерифот, не откривајќи повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“