Нетанијаху подготвен да им отстапи на Палестинците над 90 проценти од Западниот Брег

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху е подготвен да им отстапи на Палестинците повеќе од 90 проценти од Западниот Брег, ако бидат прифатени барањата поврзани со безбедноста, изјави денеска неименуван израелски минстер во пресрет на посетата на американскиот државен секретар Џон Кери на Израел.


Неименуваниот член на Владата на Нетанујаху и на националистичката партијиа Ликуд, за весникот „Хаарец“ изјави дека за да има мировен договор „ќе треба да се дислоцираат поголемиот број од доселеничките населби“.


Комисијата за планирање во Ерусалим вчера го отпочна проектот за изградба на 69 куќи во источен Ерусалим во населбата Хар Хома. Општина Ерусалим сооппти дека израелската политика не е променета и дека изградбата ќе продолжи како во арапските така и во еврејските региони.


Палестинските претставници го осудија проектот Хар Хома додавајќи дека тоатреба да му покаже на Кери дека еврејската држава не сака мир.


Кери веќе петтипат е во посета на регионот за последните пет месеци, што е дел од напорите за обновување на израелско-палестинскиот мировен процес.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег