Обама: Случајот Сноуден е чисто правно прашање

Од:

Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека не разговарал со кинескиот и рускиот колега, Сји Џинпинг и Владимир Путин, за американското барање за екстрадиција на поранешниот соработник на американската Национална безбедносна служба Едвард Сноуден, бидејќи станува збор за „чисто правен случај“.


Зборувајќи на прес-конференција во Сенегал, каде ја започна африканската турнеја, Обама истакна дека вообичаените правни канали би требало да бидат доволни за решавање на барањето на Вашингтон за екстрадирање на Сноуден кој во Русија пристигна од Хонг Конг.


– Не го побарав лично ниту претседателот Сји, ниту претседателот Путин, а главна причина е таа што не морав. Втора причина е што со Русија и Кина имаме многу работа, истакна Обама, додавајќи дека не планира случајот со еден осомничен да го подигне на повисоко ниво.


Тој нагласи и дека американската војска нема да се обиде да го пресретне авионот со кој Сноуден ќе патува од Русија.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Почнаа преговорите меѓу Америка, Израел и Катар за прекин на огнот во Газа

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина