Арсовски: Џолев има избор или да биде слуга на Зоран Заев или да го почитува законот

Од:

Во вчерашното недоветно соопштение кое го испрати судот по насока на претседателот Иван Џолев можеше да се види неизбежна нервоза затоа што е принуден да постапува по наредбите на Заев, а не да постапува како што наложува законот рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Иван Џолев вчера призна дека судијата поротник имал полни 60 години и пратил известување до републичкиот судски совет со што сака да ја префрли вината за неразрешувањето на Митко Сандев кај републичкиот судски совет.Законот е јасен, членот 80 од закон за судови е повеќе од јасен дека со навршување на 60 години кај судија поротник му прекинува мандатот веднаш и нема никаква друга алтернатива, наспроти известувањата Иван Џолев е должен да испрати барање за разрешување на судијата поротник и по него да постапи Републичкиот Судски совет.Да прецизираме се додека не биде разрешен овој судија поротник Митко Сандев рочиштата се незаконски, вклучително и казната изречена вчера кон мене е неоснована“ – вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

Формирањето Анкетна комисија за Онкологија во време кога има активна истрага е недозволиво, смета Џолев

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Арсовски: Оставката на Бухова не е доволна, потребна е одговорност за незаконитото работење

(ВИДЕО) Арсовски: ДЗСИ јавно да ги објави лиценците за очната болница

Арсовски: Дали Бухова и Министерството за здравство дозволиле очната болница на Промедика да врши дејност оперативни зафати без потребни лиценци?

Катерина Ѓуровски

Арсовски: Во Скопје сум, да не ме мислат од СДСМ, сликата е од поодамна

Горан Наумовски

Арсовски: Скафандер министерката стана скандал министерка