Генерален штрајк во Грција

Од:

Синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор во Грција, од утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира земјата, а ќе создаде проблеми во бродскиот и железничкиот сообраќај во Грција, во јавниот превоз во Атина, но и во информирањето на граѓаните.

Причината за штрајкот е новиот закон за работни односи, за кој синдикатите сметаат дека, меѓу другото, го укинува осумчасовното работно време.

Бродовите се закотвени на пристаништата, возовите на железничките станици, а во Атина функционираат само автобусите и тоа само 12 часа, додека пак метрото, трамвајот и тролејбусите не возат.

Во штрајкот учествуваат и вработените во државните болници, во брзата помош, професорите и наставниците, како и државните службеници, но и вработените во медиумите, во приватните и државните, со што Грција денеска е без информативни емисии и без вести.

Во рамките на 24-часовниот штрајк закажани се протести во Атина и други грчки градови, а на протест повикаа и од опозициската СИРИЗА.

Синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и Синдикатот на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ) закажаа протест во 11 часот во центарот на Атина, а Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија ќе одржи посебен собир еден час порано.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Вработените во Фондот за здравство најавија генерален штрајк ако не добијат по 2392 денари усогласување на плата

Орце Костов

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос