Над 470 лица се приведени од политички причини во Белорусија, соопшти службата за надворешна политика на ЕУ на социјалната мрежа Твитер.
Во прилог на овој твит е споделено двеминутно видео, кое преку фотографии ја раскажува приказната за принудното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск, по што беше уапсен еден од основачите на каналот „Телеграм“, Роман Протасевич, кого Белорусија го смета за екстремист. Видеото завршува со зборовите дека овој случај „не е изолиран“ и ветување за нови санкции на ЕУ против Белорусија.
ЕУ моментно подготвува нова црна листа на правни и физички лица, како и пакет економски санкции против Минск. Ситуацијата околу летовите кон и од Белорусија се влоши поради принудното приземјување на авионот на „Рајанер“ во Минск на 23 мај.