Македонските фудбалски репрезентативци пристигнаа во Букурешт каде што во периодот од 13 јуни до 17 јуни ќе ги одиграат првите два меча од Европското првенство 2020.
– „Црвено-жолтите“ имаа срдечен пречек од домаќините кои, како и многупати претходно, и сега нагласија дека на Европското првенство ќе навиваат за Македонија, објави ФФМ.
Воведниот натпревар го играме против селекција на Австрија на 13 јуни со почеток од 18 часот, а вториот меч против Украина е закажан за 17 јуни со почеток во 15 часот.