Пленарните собраниски седници од денеска повторно во салата „Македонија“

Од:

Собранието ја почна 43. седница со задоцнување од најавениот термин. Пратениците денеска се вратија во салата „Македонија“ по неколкумесечна работа во Големата сала (купола).

Пленарните седници ќе се одржуваат според протокол одобрен од Комисијата за заразни болести. Сега повторно ќе има можност за електронско гласање наместо гласовите да се бројат рачно.

Протоколот прецизира насоки и за следење на седниците од акредитираните новинари во однос на дозволен број седишта и задолжително растојание. Влезот во пленарната сала ќе биде дозволен за претставници на медиумите кои ќе приложат доказ дека се целосно имунизирани против КОВИД-19. Прес-конференциите и изјавите за медиуми ќе се одржуваат во Кристална сала.

На дневен ред на 43-тата седница се 55 точки, меѓу кои назначување членови на институции, закони по скратена постапка и во прво и второ читање, две интерпелации, ратификации на договори…

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба