Ангеловска-Бежоска: Главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни

Од:

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска смета дека во периодот кој следи, главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни. Од една страна ќе треба да се обезбеди поддршка за економиите во закрепнувањето на кризата, а од друга страна ќе треба да внимава да не се предизвикаат нерамнотежи.

– Од една страна, и натаму ќе треба да се обезбедува поддршка за економиите во закрепнувањето од кризата, но добро насочена и со соодветен обем. Глобалната економска криза од 2008/09 година покажа дека носителите на политиките не треба наеднаш да запираат со мерките за поддршка на економиите во справувањето со шокот, а овојпат тоа е нагласено и заради примарниот, здравствен карактер на кризата. Но, од друга страна, ќе треба да се внимава во одредувањето на карактеристиките на макроекономскиот стимул, за да не се предизвикаат нерамнотежи истакна Ангеловска-Бежоска на вчерашното излагање на Балканска недела на бизнисот што ја организира Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“ и Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).

Според гувернерката, вниманието треба да се насочи кон структурните реформи и кон трансформација на традиционалните економии во попаметни, инклузивни и позелени економии.

– Кога е напишан на кинески, зборот „криза“ е составен од два знака. Едниот претставува опасност, а другиот претставува можност. Се надевам дека ја оставивме опасноста зад нас и сега ќе ги искористиме можностите за да ја подобриме благосостојбата на нашите економии, порача гувернерката.

На настанот, како што информираше денеска Народната банка, учествувале високи претставници на повеќе централни банки од регионот.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски