ДОМ: Да се постави горна граница за урбанизација на Водно

Од:

Уривањето на потпорниот ѕид на Водно, лизгањето на земјиштето и евакуацијата на станарите, го вклучи црвениот аларм за запирање на неконтролираната урбанизацијата на Водно.

Ова денеска го порачаа од Демократската обнова на Македонија, кои и претходно алармираа за состојбите на Водно.

„Трката за престиж го доведе во опасност животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Денеска се евакуирани само десетина семејства, утре може да бидат илјадници, а можни се и големи човечки жртви. Кој ќе ја сноси одговорноста?”, прашуваат од ДОМ.

„Се покажа дека со ароганцијата на капиталот не може да се потчини природата. Нејзиниот удар може да биде многу силен и безмилосен. Крајно време е да запреме и да почнеме да ги почитуваме природните законитости”, порачуваа од ДОМ.

Од партијата побараа запирање на носењето на спорните Урбанистички планови, преиспитување на дадените дозволи за градба на сите објекти на Водно, запирање на градежните активности на објектите што не ги исполнуваат стандардите, санирање и ново пошумување на падините на Водно, како и поставување на горна граница на урбанизацијата на планината.

 

Би можело да ве интересира

Пронајдени се изгубените туристки во реонот на Водно-Матка

Горан Наумовски

ЦУК: Исчезнатите државјани на Полска кои се изгубија на Водно се пронајдени и се на безбедно

Горан Наумовски

На Водно се изгуби полски државјанин, започната е голема потрага по него

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно