Наместо продажба, стратегиско партнерство за Тутунскиот комбинат-Прилеп

Од:

Прилепскиот загубар, кој има преку илјада вработени, со официјалното комплетирање на Одборот на директори со четворица нови членови ги исполни условите да распише јавен оглас за бизнис-партнерство со странски компании.

Иако неколку пати беа одложувани седниците на собранието на акционерите, сепак, успешно беше избран нов менаџмерски тим,но не беше усвоен извештајот за работа на компанијата од минатата година.

Според новиот менаџерскиот тим на Тутунскиот комбинат од Прилеп, наместо продажба на компанијата ќе се изготви нова програма за работа по пат на стратегиско партнерство.

Според планот за работа, ДООЕЛ Тутун, које дел од прилепскиот Тутунски комбинат  и произведува тутун за оваа година, планира да оствари 12,9 милиони евра приходи од продажба на тутун и 12 илјади евра од други приходи.

Друштвото „Цигари“, исто така дел од Тутунскиот комбинат, годинава планира да произведе 1,3 милиони килограми цигари, од кои 710 илјади килограми се наменети за продажба на домашниот пазар и 590 илјади килограми за странски пазар.

Според генералниот директор Александар Дерменџиев, се вложуваат напори да се освојат нови странски пазари истакнувајќи дека потпишаните договори за извоз од изминатава година се само делумно реализирани.

А. Ш.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски