5 проценти поевтина струја? На потег се регулаторите

Од:

Регулаторите денеска ќе пресечат, дали ќе ги израдуваат потрошувачите со 5 проценти поевтина струја. На денешната подготвителна седница во Регулаторната комисија на енергетските компании ќе им биде образложен предлогот за намалување на цената за околу 5 проценти.

Причина за намалувањето е намалената потрошувачка на електрична енергија кај тарифните потрошувачи од овој период лани до сега, и падот на цената на светските берзи.

Трите енергетски компании – ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН на почетокот од месецов до регулаторот ги доставија пресметките за нивните трошоци во претходниот едногодишен период, според кои, струјата би требало да поскапи за 30 проценти, но Комисијата голем дел од нив не ги оправдува и не ги прифати.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство