Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Од:

По повод Светскиот ден на животната средина – 5 јуни, и во рамките на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“ Македонско – хрватското друштво и еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“ спроведоа еколошка акција и нуркачки активности во Маврово и го чистеа Мавровското езерото.

Членовите на МХД и ЕД „Пена“ во акцијата што се одржа на 5 јуни, во и околу езерото извршија еколошко чистење, при што беа собрани големи количини на различен вид на отпад и отпадни материјали, како најлонски кеси, пластика, лименки и друго, што директно влијаат кон уништување на животната средина и на рибниот фонд. Од езерото и околу него беа собрани најразлични отпад – пластика, хартија, најлонски кеси, отпадоци, стакло…, кои за водата причинуваат сериозни проблеми и последици по рибниот фонд и биодиверзитетот.

Основна цел на проектот, како што соопшти Македонско-хрватското друштво, е Подигање на свеста за екологијата и чување на природните богатства во Македонија како извор на здрава животна средина, додека специфични цели на проектот е подводно чистење на природните и вештачките езера од пластични предмети гуми, делови од моторни возила, разни метални предмети, а особено чистење од заостанати рибарски мрежи во кои се фаќаат рибите и угинуваат.

Проектот почна да се спроведува на 21 март годинава со активност во Тетово каде се реализираше еколошката акцијата за чистење на реката Пена и месноста Бањиче, а продолжи со чистење на езерото Матка. Во рамките на проектот предвидени се уште две еколошки акции со чистење на езерата Младост во Велес и Мавровското езеро. Подигање на свеста на зачувување на природата посебно на водата ќе има зголемено влијание во иднина бидејќи ќе допринесе да се намалување на загадувањето на природата и езерата и здрава животна средина.

Ова е завршен настан во склоп на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата” поддржан од Цивика Мобилитас, а чија цел е подигнување на свеста за екологијата и чувањето на природните богатства во државата. Проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата “ е финансиски поддржан од програмата на Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество, а го имплементира Здружението на граѓани Македонско Хрватско Друштво (МХД).

Би можело да ве интересира

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска

„Фронт 21/42“: Формално демократски и „согласно законите“ се носат урбанистички планови за Охрид

Ана Ололовска

Интерактивната еко-мапа со цел полесно лоцирање и решавање на еко-проблеми

Ана Ололовска

Еколошка акција за чистење на дел од крајбрежјето на реката Вардар

Ана Ололовска

Предлог за одземање на Б интегрирана дозвола на погон за горење гуми и пластика во Штип

Ана Ололовска