Милошоски до Бесими: Поднеси оставка!

Од:

Фатмир Бесими, вицепремиерот за евроинтеграции, на собраниска комисија изјави дека за неуспехот за добивање датум на јунскиот самит на ЕУ се виновни македонските државни институции, а не Грција.

Ова на виделина ја извади многу пати повторуваната новинарска констатација дека нешто „шкрипи“ во коалицискиот брак.

И секогаш ставот од владата беше ист – Коалицијата редовно функционира, нема проблеми и за се се разговара.

„Фатмир Бесими треба да размисли за оставка ако смета дека не може да го координира процесот на приближување на Македонија кон ЕУ“, изјави Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи за ТВ 24 вести.

Ако некоја институција потфрлила во процесот на евроинтеграции, а токму Бесими е нај одговорен за тој процес, тогаш тој треба лично да си преземе одговорност, зошто не реагирал навреме и можеби да размисли да поднесе оставка ако смета дека не може да го координира тој процес, му порача Милошоски на вицепремиерот задолжен за евроинтеграции.

За Владата пак, единствен виновник е неразумното однесување на нашиот јужен сосед. Али Ахмети беше јасен, последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц да биде ставен на маса, бидејќи е добра основа за компромис меѓу Македонија и Грција. Ахмети, како рок за решавање на спорот го посочи месец декември.

Би можело да ве интересира

Европа останува без пари за Киев

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ