Русија ја обвини УЕФА за „политика на двојни аршини“

Од:

Членот на Државната дума, Дмитриј Свишчев ја коментираше одлуката на УЕФА за одобрување на дресовите на украинската репрезентација за Евро 2020.

– Ова е политика на двојни аршини. Она што се случува сега со обликот на Украина е неприфатливо. Украина изразува политички став кој е некомпатибилен со Руската Федерација. Штом УЕФА донесе ваква одлука, тоа значи движење по опасна патека која никаде не може да ве одведе. Разочаран сум од ова решение. УЕФА прави сериозна грешка, изјави Свишчев.

Русите обвинуваат дека од една страна Европската фудбалска асоцијација декларативно е против мешање на политиката во спортот, а во случајот со украинските дресови, дозволува такво нешто.

На 6 јуни, репрезентацијата на Украина претстави нова гарнитура опрема за ЕП 2020 година. Дресовите ја отсликуваат силуетата на државата, во која се наоѓа и полуостровот Крим, кој е дел од Русија од 2014 година, како и Доњецката и Луганската народна република.

Украина на Евро 2020 ќе игра во Ц-групата заедно со македонската репрезентација, Австрија и холандскиот национален тим.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри