Тренерот на Клиперс ги доби сите четири „мајсторки“ во неговата кариера

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го совладаа Далас со 126:111 во решавачкиот, седми натпревар од првото коло од плејофот во 2021 година и се пласираа во полуфиналето на Западот.

Тренерот на Клиперси, Тајрон Лу повторно победи во седмиот натпревар од плејоф-серијата и продолжува да има совршени четири победи без ниту еден пораз во „мајсторките“.

Лу во неговата тренерска кариера победи во изминатите три седми натпревари од плејоф серијата предводејќи го Кливленд со Леброн Џејмс во составот од 2016 до 2018 година.

Единствениот тренер во историјата на НБА кој постигнал 4-0 во седмите средби е Ред Ауербах од Бостон селтикс чија успешна серија траеше до осум вакви натпревари.

Следен противник на ЛА клиперс во НБА плејофот ќе биде тимот на Јута џез.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он