Промоција на книгите „Манастир Фуентерабија“ и „Вилино“ во КИЦ на РСМ во Софија

Од:

Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија информира дека денеска со почеток во 18:30 часот ќе бидат промовирани книгите „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева и „Вилино“ од Винка Саздова.

Двете книги се во издание на издавачката куќа „Персеј“ од Софија, а како што најавуваат од КИЦ на Северна Македонија во Софија, на промоцијата ќе присуствуваат двете авторки.

Книгата „Манастир Фуентерабија“ говори за две осамени, но чисти души, еднакво тажни и длабоко повредени, кои ја бараат утехата на брегот на океанот и на кои на тој начин им се пресекуваат патиштата. Таа е сираче, а тој напушен од својата мајка и пораснат во дом. Таа останала без својот сакан точно на денот на свадбата, а тој – размонашен монах заради отец, со кого со години делеле една келија.

Романот „Вилино“ е роман за повикот на слободата и стравот од неа, за доброволното робство во „безбедните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник од двајца отуѓени сопрузи и нивниот син. Приказна за тоа како блиските луѓе влегуваат во маѓепсан круг да се повредуваат еден со друг.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска