Најмалку 30 луѓе загинаа денеска во судир на два брзи воза во јужен Пакистан, соопштија властите.
Дел од повредените се во критична состојба.
Несреќата се случила во регионот Готки.
Според првичните информации, еден воз излетал од шините и потоа во него удрил друг воз.
Во возовите со околу 14 вагони, имало околу 1.100 патници.