Моторџиите в петок на протест пред Општина Центар

Од:

Здружението на моторџии на град Скопје за петок најавува протест пред општината Центар како знак на револт од одлуката на оппштината да наплатува паркинг за мотоцикли.

Во нивната најава стои дека ќе ги блокираат паркинзите пред општината Центар, револтирани бидејќи мотоциклите кога се паркирани воопшто не им пречат на возилата, а сепак општината ги става на исто рамниште.

– Започнувајќи од петок ќе започнеме со прописно паркирање на мотоциклите на местата предвидени за паркинг. Притоа ќе се потрудиме да не оставиме место за автомобилите да се паркираат, со цел надлежните да увидат дека идејата е повеќе од лоша. Изјавата дека ова е пракса секаде во светот е апсолутно неточна, и апелираме до Општина Центар да ја ревидира својата одлука. Лесно е да се одбележи паркинг за мотоцикли, но што добиваме за оние 15 денари од час? Евентуалната штета на мотоциклите не е покриена, ниту пак има некаква заштита од кражба, па нелогично е да даваме пари за воздух. Истовремено, изјавата дека мотоциклите го загадуваат воздухот исто како автомобилите и затоа треба да им се наплаќа паркинг е повеќе од смешна – стои во изјавата на моторџиите.

Моторџиите упатија јавен апел до сите сопственици на мотоцикли во петок во 7:00 часот да дојдат пред Општината Центар и во знак на протест да ги паркираат своите мотори на паркингот , со цел „да увиди оптинската власт дека греши и да ги натераме надлежните во Општина Центар да ја променат својата нелогична одлука“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он