Kевин Рид положи заклетва денеска како премиер на Австралија преземајќи ја функцијата од Џулија Галард откако таа загуби доверба во Лабуристичката партија.
Тоа се случува точно три години и три дена откако Гилард стана премиерка на местото на Рид.
Во гласањето доверба од пратениците лабуристи, Гилард доби 45 гласа, а Рид 57. Рид стана и лидер на Лабуристичката партија и ќе ја води на парламентарните избори закажани за 14 септември.
Шест министри кои ја поддржуваа Гилард поднесоа оставки. Гилард (51) објави дека се повлекува од политиката.
Парламентот според локални медиуми, може да изгласа недоверба за Рид, што е малку веројатно. Ако тоа се случи, изборите може да се одржат на 3 август.