СДСМ: Грижата за здрава животна средина е наш приоритет

Од:

Изминатите четири години се забележува значително намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух како во Скопје, така и во останатите поголеми градови низ државата. Тоа е резултат на успешните политики на Владата предводена од СДСМ, на постојаната замена на старото нееколошко загревање на индивидуалните објекти и објектите на јавните установи, како и на зголемените контроли и санкции кон загадувачите, но и во инвестициите во обновливи извори на енергија велат од СДСМ во соопштение.

-Нашите политики, заложби и реформи за подобро јавно здравје нема да застанат тука. Напротив, преку Интервентниот план за инвестиции, во следните години ќе се интензивираат вложувањата во таканаречената зелена енергија, енергија добиена од еколошки, обновливи извори. Доаѓа германска инвестиција за 400 мегавати ветерна електрана во вредност од 500 милиони евра, инвестиција согласно законот за стратешки инвестиции. Фотонапонските централи што веќе се во фаза на реализација се во Македонски Брод и во Свети Николе, а веќе се пуштени во употреба во Брвеница и неготинскиот регион. Државата ќе добие и фабрика за производство на енергија од отпад, инвестиција од Луксембург вредна 336 милиони евра, со што ставаме крај на проблемот со депониите во нашата држава, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците