Бериша се повлече од сите функции во партијата и ги призна изборните резултати

Од:

Албанскиот премиер во заминување и лидер на демократите, Сали Бериша синоќа го призна поразот на парламентарните избори одржани на 23 јуни и соошти дека се повлекува од лидерската функција во партија, која ја обавуваше две децении.

На прес конференцијата одржа говор како ретко до сега. Образложувајќи дека народот не го изгласал да ја води извршната власт уште четири години рече дека ја почитува волјата на народот на изборите.

– Во мојата политичка кариера повеќе од две децении јас на секоја позиција која сум бил себе си се гледав како човек кој е во служба на мојот народ и мојата земја. И покрај моите здравствени проблеми, никогаш не се откажав од исполнувањето на моите обврски, одговорно и доследно, рече меѓу другото Бериша.

Победата не тропна на вратата на ДП, зашто, како што рече Бериша, граѓаните гласале за спротивната програма,програма која „не може да се реализира“.

– Нашите граѓани гласаa за програмата на нашите опоненти, за ветувања кои не може да се реализираат, како што е бесплатно здравство и укинување на даноците, зашто овие ветувања не можеме да ги реализираме бидејќи тие се во спротивност со рамноправните економски слободи, рече Бериша, притоа честитајќи муја победата на политичкиот противник и посакувајќи му успешна работа.

– Но за поразот одговорноста паѓа врз мене, врз Сали Бериша. Затоа давам оставка од сите функции во Демократската партија, нагласи Бериша.

Тој се забагодари на сите приврзаници на ДП, им порача да се чувствуваат горди а неговото обраќање да не го сваќаат како збор за збогување.

Бериша, како што самиот рече останува на функцијата премиер до септември, кога парламентот треба да ја изгласа новата влада, како и на чело на партијата до избор на негов насленик.

– Бог да ги благослови ДП и Албанците каде и да се.Со овие зборови Бериша го заврши обраќањето. Според медиумите најсериозен кандидат за наследник на Бериша е актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски