Падна и бранителот на трофејот на Вимблдон Рожер Федерер кој загуби со 3:1 од новата сензација Украинецот Сергех Стаховски кој одлично го контролираше мечот за што говори податокот дека во три сета се играше тај-брејк, а два од нив во своја корист реши 116-от светски тенисер.
Стаховски го загуби првиот сет но потоа ги доби во серија следните три со 7-6, 7-5 и 7-6.
Покрај ова изненадување денешниот ден на Вимблдон го одбележа фактот што дури 7 тенисери се откажаа поради повреда.