Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за германскиот „Билд“, ги обвинува шефовите на државите членки на Европската унија за блокирање на пристапот на неговата земја и на Македонија.
ЕУ ги „прекрши ветувањата“ и води до „раздор“ меѓу народите на Балканот со „политички цинизам“. Како во „Чекајќи го Годо“, вели Рама во ексклузивниот напис под наслов „Само се зборува, но ништо не се случува“.
-Тоа беше долго негувана амбиција на нашите нации, Албанија и Северна Македонија, да се приклучат на Европската унија и на тој начин да им овозможат на нашите граѓани да имаат корист од слободниот пазар и да учествуваат во оваа голема демократија. Дозволете ми да разјаснам една работа: како премиер на Албанија, целосно знам дека не сме подготвени денес да влеземе во Европската унија, ниту Северна Македонија или остатокот од Западен Балкан, дека има многу барања кои двете земји треба да ги исполнат за да станат членки на ЕУ, вели Рама.
Но, додава и двете земји ги исполниле неопходнте услови за да го започнат преговарачкиот процес.
– Но, нашите две нации, Албанија и Северна Македонија, ги исполнија сите, дури и повеќе неопходни услови за вистински да го започнат преговарачкиот процес со Брисел.
За таков почеток на преговорите одлучи и самиот Совет на ЕУ во 2018 година, посочува Рама за германски „Билд“ пренесува Топ чанел.
„Чекајќи го Годо” на Семјуел Бекет е драма која ја претставува празнината, чекањето како празно дејство.