ВИДЕО: Девојка се фати во костец со мечка, бранејќи си ги кучињата

Од:

Една тинејџерка од Калифорнија покажа неверојатна храброст, впуштајќи се со голи раце во дуел против мечка која заталка во дворот од нејзината куќа.

Виралната снимка покажува како мечката, заедно со две мечиња, се движи по ѕидот кој го оградува дворот, кога ја забележуваат четирите кучиња во куќата. Мајката-мечка, и самата исплашена за малечките, реагира инстиктивно, замавнувајќи со шепата кон кучињата. Но, тогаш на сцена стапува 17-годишната девојка, која со брза и храбра реакција успева да ја избрка несаканата гостинка и нејзините мечиња.

Снимката ја објави Би-би-си и таа има милиони прегледи.

„Сѐ почнало кога таа слушнала како кучињата лаат во дворот и веднаш истрчала да ги провери“, се наведува во веста на Би-би-си.

Ниту девојката, ниту кучињата не биле повредени во несекојдневниот инцидент.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас