Блиска средба на северот: Руски МиГ-31 бркал американски патролен авион

Од:

Русија денеска активира борбен авион МиГ-31 за да оддалечи американски воен авион кој се наоѓал над Баренцовото Море

Ова денес го објави новинската агенција РИА, цитирајќи извор од руската армија.

Руската армија соопшти дека американскиот патролен авион е идентификуван како П-8А Посејдон и дека рускиот авион се вратил во базата кратко време откако авионот од САД направил вртење од 180 степени и се оддалечил од руската граница.

Во последниве недели имало чести наводи за пресретнувања меѓу руски авиони и американски авиони.

Баренцовото Море е дел од Арктичкиот Океан и се наоѓа помеѓу Норвешка и Русија.

Би можело да ве интересира

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Разговараа американскиот и рускиот министер за одбрана, објавија различни верзии за разговорот

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Во близина на Велика Британија забележани руски бомбардери, НАТО одма реагираше

ВИДЕО: Руски воени авиони во близок контакт со американски дронови над Сирија

Катерина Ѓуровски

Американците пресретнале четири руски авиони кај Алјаска

Катерина Ѓуровски