Албанскиот премиер Сали Бериша е пред донесуавње одлука за напуштање на лидерското место во Демократската партија, по неуспехот на изборите од 23 јуни.
Како што јави дописникот на МИА, најсериозен кандидат за нов лидер на демократите е актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша.
Ваквата можност, според непотврдени инфирмации, била главна тема на средба што Бериша ја имал синоќа со Баша и шефот на државата Бујар Нишани.
– Се уште нема ништо официјално, но доколку се случи, тоа би бил морален чин на Бериша, иако и покрај поразот на изборите не е обврзан да даде оставка на лидерската функција во партијата. Исто така, доколку остане на премиерската функција до септември, кога треба новиот парламент да ја избере новата влада, тој нема право да потпише ниту една одлука, се наведува во анализа на тиранската телевизија Топ-чанел.
Како што е најавено, вечерва Бериша, првпат по изборите, треба да се појави пред јавноста и да го признае поразот. Шеесет и деветгодишниот Бериша, на чело на Демократската партија беше цели дваесет години.
По несупехот на изборите во 2005 година, кога социјалистите беа поразени по осум години минати на власт, оставка поднесе и тогашниот социјалистички лидер Фатос Нано, кој партијата ја предводеше 15 години.