Мареј: Подобро се носам со притисокот

Од:

Вториот тенисер на АТП листата Енди Мареј изјави дека успесите на Олимписките игри и на Ју-Ес Опен ќе му помогнат да игра подобро на Вимблдон.

Имам ист пристап на сите турнири, сакам да победувам и ќе дадам се од себе. Сега подобро се носам со притисокот, психички сум позрел а во тоа ми помогна минатогодишното финале и злато на Олимписките игри – рече тој.

– Вимблдон многу ми значи, а тоа најдобро се виде минатата година – дополнил Мареј алудирајќи на солзите по победата над Цонга во полуфиналето, но и по поразот во финалето од Федерер.

Мислам дека сега ќе бидам посмирен во завршната фаза на турнирот и многу подобро ќе се носам со притисокот.

Шкотот потенцирал дека сите британски тенисери кои настапуваат тука се соочуваат со огромен притисок од јавноста која очекува успех од нив.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ