А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР: ВМРО-ДПМНЕ да престане со ширењето на лажни вести

by А1он03/06/2021 - 14:44226
Share0

Министерството за внатрешни работи ги демантира, како што велат „лагите што на денешната прес конференција ги изнесе Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ за набавката на гуми за потребите на МВР“.

Добивај вести на вибер

– За предметната постапка склучена е рамковна спогодба со која на МВР му е овозможено да набавува пневматици со количини за кои има потреба, кога има потреба, во следниот период од три години. Постапката е поделена на четири дела, по видови возила и вкупно има 210 различни димензии и видови на пневматици. Во МВР последните години се води детална евиденција пред правење нарачка за нови пневматици, односно колку километри поминало возилото и временски кога се промениле гумите последен пат, за разлика од минатото кога се нарачувале гуми без никаква евиденција за потребите од истите и се делеле гуми по блискост на раководни лица со барателите, вели МВР.

– МВР за прв пат во тендерот предвиде гумите да се менуваат децентрализирано во сите сектори за внатрешни работи, а не како во минатото кога сите возила од цела држава мораа да доаѓаат во Скопје и да чекаат промена на една до две локации два пати годишно и да прават дополнителни трошоци. Во новата постапка се предвидува гумите да бидат произведени пред не повеќе од 12 месеци и бараме гаранција од 24 месеци, што претходно не било случај. Исто така, бараме и бесплатна промена сезонски за целиот период на гаранција. И покрај сите овие барања кои влијаат на цената, сепак избраниот понудувач има поднесено пониска понуда за два од вкупно три дела, каде што поднел понуда и претходниот понудувач, се вели во демантот на МВР.

За сите информации за било која јавна набавка, Министерството посочува дека е достапно за информации за сите медиуми и граѓани.

– ВМРО-ДПМНЕ да престане со ширењето на лажни вести, додава МВР.

mvr

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто