Дејвис ја продолжи верноста кон МЗТ Скопје

Од:

Американецот Кејд Дејвис е четвртиот кошаркар кој во изминатиов период ја продолжува соработката со македонскиот шампион МЗТ Скопје. Претходно тоа го сторија Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски, а пред некој ден истото го направи и Дамјан Стојановски.

Дејвис, кој е член на тимот од Аеродром во изминативе две сезони, во кои имаше значаен придонес при освојување на двојните круни, потпиша договор и за следната сезона.

Тој изминатава сезона настапи на сите 45 натпревари во дресот на МЗТ Скопје, остварувајќи просечен учинок од 10,6 поени, 3,7 скока и 1,8 асистенции во АБА лигата, и 11,6 поени, 4 скока и 1,4 асистенции по меч во настапите од Суперлигата и плејофот од домашното првенство.

Македонскиот кошаркарски шампион утре од 11 часот во спортскиот центар Борис Трајковски ќе го претстави својот нов тренер Влада Вукоичиќ, како и плановите за претстојната сезона.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ