Спасовски: Нема посериозни индиции за зголемен број мигранти, МВР е подготвено да одговори на секој предизвик

Од:

Во овој момент МВР нема индиции дека може да дојде до сериозно зголемување на бројот на мигранти и да се врати некаква состојба што била во минатото. Таква работа нема заради тоа што не е функционална т.н. западнобалканска рута. Има зголемување на бројот на илегални обиди за влегување во државата. МВР е подготвено максимално да одговори на секој предизвик, но во овој момент нема посериозни индиции оти може да биде зголемен бројот на мигранти кои ќе поминуваат низ територијата на државата и да биде нарушена безбедноста.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на новинарско прашање дали може олабавувањето на ковид мерките во државата да придонесе за мигрантски бран и зголемен нелегален транспорт на мигранти на територијата на С Македонија.

– Од септември месец минатата година ние имаме посебна оперативна акција што се занимава исклучиво со спречувањето на илегалната миграција и дава сериозни резултати во тој дел. Имаме многу ефикасност во делот на одбивањето на таквите илегални обиди. Само минатата недела имаме околу 500 обиди илегални што се одбиени, односно не е дозволен илегален влез на територијата на државата, изјави министерот Спасовски, кој денеска имаше работна средба со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во Полициската станица „Карпош“.

Спасовски потсети дека од 2015 година на нашата јужна граница се работи на полициска операција заедно со припадници на полициски служби од земјите со кои МВР билатерално соработува, пред се Вишеградската група, Словенија, Унгарија, Србија, Хрватска итн… Според него, се работи за исклучителна можност заеднички да се учествува во заштита на нашите граници.

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он