Почина контроверзиот бизнисмен Марк Рич

Од:

Контроверзниот американски бизнисмен и основач  на компанијата „Гленкор“, Марк Рич (78) почуна во Луцерн во Швајцарија, од мозочен удар.

Рич стана познат за пошироката светска јавност, откако во јануари 2001 година тогашниот американски претседател Бил Клинтон го помилува на последниот ден од неговиот престој во Белата Кука, иако дотогаш бизнисменот се наоѓаше на листата на ФБИ за најбарни лица обвинет за даночни измами.

Овој бизнисмен, едно време важеше за најуспешниот трговец во светот. Компанијата „Гленкор“  ја создаде во 1974 година. Кон крајот на минатиот век Рич беше обвинет за фалсификување и за даночни измами, како и за илегална трговија со Иран, па за да избегне апсење и судење, побегна од САД во Швајцарија.

Цели 20 години беше на листата на лицата по кои трага ФБИ и во тој период на неколкупати за малку го избегна апсењето, во Финска, Германија, Велика Британија и Јамајка.

Неговото помилување од претседателот на САД на заминување, останува една од најконтроцерзните одлуки на Бил Клинтон. Во САД Клинтон беше критикуван дека одлуката за помилување што е потпишана на 20 јануари, еден ден прад да си замине од Белата Куќа, само затоа што поранешната сопруга на Рич има уплатено во фондот за уредување на претседателската библиотека на Бил Клинтон.

Подоцна Клинтон призна дека погрешил, но тврди дека помилувањето нема врска со донацијата од сопругата на Рич.

Марк Рич беше роден во Белгија, во еврејско семејство. Во 1941 година, заедно со семејството побегнал во САД, за да не биде одведен во логор во нацистичка Германија.

Би можело да ве интересира

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати