Кинеско вселенско летало со тројца астронаути успешно денеска се приземји на територија на кинеската автономна област Внатрешна Монголија, откако во вселената минаа 12 дена.
Главниот командант на петтата и најдолга вселенска мисија на Кина досега, Џанг Јоусиа изјави дека мисијата била „целосно успешна“.
Астронаутите минаа 12 дена на Тјангонг-1 кој функционира како експериментален прототип за многу поголемата кинеска вселенска станица чиј почеток на работите е планиран за 2020 година леталото Шенџу-10 во екипажот имаше двајца мажи и една жена астронаут – Ванг Јапинг.