Во Варшава почна судење за шпионажа на поранешен вработен во „Хуавеи“ и агент на полската тајна служба

Од:

Во судот во Варшава денеска треба да почне судскиот процес за шпионажа, во кој се вклучени поранешен полски агент од тајните служби и поранешен вработен во „Хуавеи“.

Полска во јануари 2019 година ги уапси двајцата мажи под сомнение дека шпионирале за Кина, што ја забрза меѓународната дебата за потенцијалните безбедносни ризици од користењето на опремата на „Хуавеи“ во комуникациските мрежи, пренесуваат британските медиуми.

„Хуавеи“ постојано негираше дека властите во Пекинг можат да ја користат нејзината опрема за шпионажа, но САД вршат притисок врз државите да ја забранат. Во Европа тоа досега го сторија само Велика Британија и Шведска.

Полското обвинителство тврди дека Ванг Вајинг (39), како главен извршен директор на „Хуавеи“, повеќе од седум години шпионирал во корист на Кина, обидувајќи се да ја зајакне способноста на компанијата да влијае на полската Влада.

Ванг, кој е во притвор од апсењето, исто така, е обвинет за регрутирање на поранешен полски агент од тајната служба, кој, како што велат обвинителите, го информирал за начините да се влијае врз копнените радио мрежи на службите за спасување и јавната безбедност.

Полскиот агент Пјотр Д., кој со години работел во највисоките делови на власта, е обвинет дека „самиот се понудил како извор на информации“ во врска со јавната администрација.

Двајцата осомничени ги негираат обвиненијата. Адвокатот на Ванг, Бартломеј Јанковски, кажа дека обвинителите немаат докази дека неговиот клиент шпионирал.

-Нема докази дека нешто е нелегално, изјави тој за британските медиуми.

Компанијата „Хуавеи“, која Ванг го отпушти веднаш по апсењето, но му помогна во финансирање на трошоците за правната постапка, минатиот месец соопшти дека неговите активности се „во согласност со највисоките стандарди за транспарентност и усогласеност со законите и прописите“.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази