„Будење на солидарноста“ на ДЛУМ и концерт на Дуња Иванова вечер на „Скопско лето“

Од:

На „Скопско лето“ вечер на пет локации низ центарот на Скопје од 19 до 23 часот Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе го претстави проектот „Скопски урбани приказни (Будење на солидарноста)“, а во Музеј на Град Скопје од 22 часот концерт ќе одржи пијанистката Дуња Иванова.

„Скопски урбани приказни“ е дел од уметничката годишна програма на ДЛУМ и, во соработка со „Скопско лето“, оваа година проектот се организира по шести пат. Учесници се ликовните автори Кристина Божурска со „2013/14“, Ангел Миов со „Будење на солидарноста“, Ален Реџепагиќ со „Силуети“, Мирослав Стојановиќ-Шуки со „I fill blue for you“ и Маја Кировска со „Оптимист“.

Проектот е комбинација од различни техники – платна, фотографија, објекти, инсталации… низ кои уметниците ќе го прикажат/раскажат своето гледиште за солидарноста, по повод одбележувањето 50 години од земјотресот во Скопје.

Пијанистката Дуња Иванова во Музеј на Град Скопје ќе изведе дела од Лудовико Еинауди и Филип Глас. Иванова магистрирала на Одделот за пијано на Факултетот за музичка уметност и на Катедрата по естетика на Филозофскиот факултет.

Гостувала на повеќе фестивали во Македонија и во странство. Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот