Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека се укинати некои ограничувања наметнати поради ширењето на коронавирусот.
Од 1 јуни, рестораните и кафулињата ќе можат да работат под одредени мерки на претпазливост.
– Полицискиот час од понеделник до сабота ќе биде од 22 до 5 часот наутро и цел ден во недела, рече Ердоган на прес-конференција по состанокот на владата.
Досега, забраната за излегување во работните денови беше од 21 до 5 часот наутро и во текот на целиот ден во сабота и недела.
Во април, Турција забележа најголем раст на бројот на новозаразени во еден ден. Делумно, а потоа и целосно „заклучување“ беше воведено за околу две недели. Како резултат на овие мерки, бројот на нови случаи на инфекција дневно се намали осумпати – вчера тој изнесуваше 6.933.