Концерт на Филхармонијата во Прилеп

Од:

Македонската филхармонија  вечер ќе одржи концерт во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, под диригентство на  Борјан Цанев. Оркестарот ќе настапи со дела од Манчев, Зографски, Росини, Хендл и Моцарт. Солист на концертот ќе биде сопранот Гонца Богоромова.

Директорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ изјави дека во изминатите неколку години се обидуваат што повеќе да се присутни во поголемите градови и културни центри.

– Секое наше гостување е посебен и величествен настан, празник за публиката во Струмица, Кочани, Битола, Прилеп, Кичево. Преку овие концерти се обидуваме да ја доближиме класичната музика дури и до оние кои не се големи љубители на овој жанр, а сепак слушнале нешто за Моцарт, Бах, Вивалди. Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме со оваа наша мисија, бидејќи во секој град во нашата држава има прекрасна публика која сака да го слушне и види нашиот единствен национален симфониски оркестар, истакна Чанаќевиќ.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска