Приближно 36 милиони Германци се вакцинирале против Ковид-19

Од:

Околу 43 проценти од населението во Германија, или 35,75 милиони луѓе, примиле една или две дози на вакцина против Ковид-19 додека 14,6 милиони луѓе (околу 17,7 проценти од населението) веќе е целосно вакцинирано, напиша на Твитер германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Претходно Шпан за телевизија АРД најави дека до средината на јули ќе бидат имунизирани 90 проценти од луѓето кои сакаат да се вакцинираат.

Вакцинацијата во Германија почна кон крајот на декември, а први имунизирани беа повозрасните лица, лекарите и здравствени работници и луѓе со социјално значајни професии.

Од 7 јуни, германските власти планираат да ја откажат приоритетната вакцинација на одредени групи луѓе. Германија ги користи вакцините на Фајзер, Модерна, АстраЗенека и на Џоснон и Џонсон.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад