Озлогласен мексикански нарко картел изнудил адреси на полицајци кои сега ги убива во домовите

Од:

Членовите на озлогласениот мексикански нарко картел Халиско киднапираа неколку членови на елитна полициска единица и со измачување се здобиле со адреси на други полицајци кои сега ги убиваат во нивните домови.

Екстремно насилниот картел на тој начин реагираше на политиката на мексиканската влада „прегратки, а не куршуми“.

Нападите врз полицајците се убедливо најдиректен предизвик за мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и неговата политика за избегнување насилство и отфрлање на војната против картелот.

Од друга страна, картелот Халиско и објави војна на владата и сака да ја уништи елитната полициска единица, позната како Тактичка група, која бандата ја обвинува за неправедно постапување кон нивните членови.

Картелот се закани дека ќе убие двајца членови на Тактичката група за секој уапсен член – или во нивните полициски возила или во нивните домови.

Официјални лица во сојузната држава Гуанахуато, најпогодени од насилството во Мексико, одбија да кажат колку членови на Тактичката група се убиени досега.

Според агенцијата Поплаб, од 2018 до 12 мај годинава, во Гванахуато биле убиени 262 полицајци.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори