Македонската фудбалска репрезентација ќе игра на Европското првенство со стариот црвено-жолт дрес.
„Фудбалот се игра за фановите“, објави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, на социјалните мрежи истакнувајќи го дресот со боите на македонското знаме.
Новата верзија на дресови изработени од „Јако“ кои беа промовирани во петокот наменети за Европското првенство предизвикаа жестоки и бурни реакции во јавноиста пред се поради изборот на бордо бојата на основната верзија на националниот дрес.
За враќање на стариот дрес се изјасни и капитенот на фудбалската репрезентација, Горан Пандев.