Кошаркарите поразени од Тунис, останаа без медал

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија во бробата за третото место и бронзениот медал на Медитеранските игри загуби од Тунис со 63:58.

Клучна за триумфот на Тунижаните се покажа остварената разликата во третата четвртина која ја добија со 19:11.

Бојан Трајковски со 16 и Марко Симоновски со 13 поени беа најефикасните играчи во нашата репрезентација.

Салах Межри со 17 поени беше најзаслужниот за победата на Тунис.

Во финалниот дуел од 18 часот и 30 минути ќе играат домаќинот Турција и селекцијата на Србија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ