Од полноќ до 04.00 часот утрово констатирано е дека единаесет лица не ја почитувале забраната за движење, известува Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 171 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.