Пред средбата со Путин, Лукашенко го обвини Западот дека сака да ја дестабилизира Белорусија

Од:

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска пред разговорите со рускиот претседател, Владимир Путин, во Сочи, го обвини Западот дека сака да ја дестабилизира негобата земја, кон која ЕУ вчера воведе санкции поради пренасочувањето на авионот на „Рајанер“ и апсењето на опозицискиот новинар и блогер, Роман Проташевич, кој бил на летот од Атина за Вилнус, а присилно слета во Минск.

-Во тек е обид за дестабилизирање на ситуацијата, се да биде како што беше во август 2020 година, рече Лукашенко на почетокот на средбата со Путин, осврнувајќи се на големите демонстрации минатата година по претседателските избори, кои опозицијата ги смета за наместени.

Путин денеска го прими Лукашенко за да разговараат за поблиските економски односи меѓу двете земји во време кога односите меѓу Белорусија, ЕУ и САД се затегнуваат откако авионот беше пренасочен кон Минск и апсењето на белорускиот опозиционер. Москва во последните денови даде повеќе знаци на поддршка за својот белоруски сојузник, кого Европа го обвини за присилното слетување на авионот на „Рајанер“, поради наводна закана со бомба за да го уапси опозицискиот новинар.

Путин денеска ги пофали „конкретните резултати“ од приближувањето со Белорусија, кога го прими Лукашенко.

-Во тек е изградба на зајакната унија меѓу Русија и Белорусија. Ние правиме солиден напредок во таа насока … таа работа веќе дава конкретни резултати за нашите граѓани, рече Путин.

Целта на состанокот на двајцата официјални претставници е да се разговара за „зајакнување“ на економската интеграција на двете земји и начинот на реакција на „надворешните притисоци“, се наведува во соопштението на белоруското претседателство.

Би можело да ве интересира

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир