Полицијата им растури партија на скопски комарџии, единаесетмина фатени во стан во Центар

Од:

Единаесетмина љубители на комарот од Скопје не го дочекале крајот на партија во која учествувале во стан кај Католичката црква, откако ги „намирисала“ полицијата, која освен за незаконското коцкање, ги растура и собирите кои се прават наспроти важечките прописи за заштита од коронавирусот.

„СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.С.(39) од Скопје и против М.Н.(67) од Скопје за сторено кривично дело „комар” од чл.398 ст.1 од КЗ. Првопријавениот на 28.04.2021 година, неовластено организирал играње комар во просторија- стан лоциран на ул.Костурски Херои во општина Центар, кој му бил ставен на располагање од страна на второпријавената М.Н., при што, при превземено истражно дејствие претрес на дом од страна на полициски службеници во Единицата за економски криминал“, велат од МВР.

Затекнати се 11 лица како играат комар, кои што воедно постапувале и спротивно на пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид 19, каде што е изрично забрането групирање на повеќе од четири лица во затворен простор и објект, за што исто така следува соодветен поднесок, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски