ЛДП: Владата и Претседателот индиректно и премолчено даваат поддршка на насилството

Од:

По три дена од нападот на малолетник во центарот на Скопје и на ЛГБТИ центарот , МВР се уште нема официјално соопштение за настанот, реагира ЛДП.

Либерално-демократската партија најостро ги осудува насилното дивеење на мала група на млади луѓе во центарот на Скопје, при што се нанесени телесни повреди на малолетник-поминувач во близина на споменикот “Воин на коњ” и се повредени приватни и службени лица кои се наоѓале во внатрешноста и пред Центарот за заштита на правата на ЛГБТИ заедницата во старата Скопска чаршија.

ЛДП со загриженост констатира дека во Македонија се повеќе се зголемува говорот на омраза кон сите оние кои размислуваат слободоумно и различно од матрицата која ја наметнува влаеачката партија. Зачестените вербални напади врз малцинските заедници, особено на маргилизираните малцински заедници, имаат тенденција на трансформација од вербален конфликт во отворен линч и физички напад кој станува секојдневие во нашата држава.

ЛДП е шокирана од недостатокот на општествена одговорност и државничка заштита на уставниот поредок од Владата и Претседателот на Република Македонија. Како и при дивеењето пред општина Центар, така и во овој случај, Владата и Претседателот остануваат неми и на тој начин индиректно и премолчено даваат поддршка на насилството.

ЛДП ги повикува Премиерот и Претседателот на Република Македонија итно да ги осудат повиците на насилство и самиот напад на маргинализираните заеднци. ЛДП ги потсетува Премиерот и Претседателот на државата дека се имаат заколнато пред Уставот на Република Македонија дека ќе ги почитуваат и промовираат Уставот и законите, кои ги дефинираат граѓаните како еднакви, ги гарантираат нивните човекови права и ги штитат граѓаните од секава форма на дискриминација. Премиерот и Претседателот се должни да бидат лидери на нацијата и да го почитуваат а не да го погазуваат Уставот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ