„Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“ се четири психолошки прирачници за деца од авторката и психолог Христина Стефановска, кои ќе бидат промовирани вечер од 19 часот на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“.
– Низ лесни, едукативни и интерактивни приказни и активности, Стефановска ги насочува децата да се посветат на своите емоции и да работат на нивното прифаќање и трансформирање во нешто позитивно и корисно. Целта на овие изданија е да им помогнат на децата да ги препознаат четирите доминантни емоции кај себе и кај другите, да научат да се справуваат со нив и да ги канализираат на креативен начин, информира издавчката куќа.
Книгите што ќе бидат промовирани онлајн се дел од едицијата „Железница на чувствата“. Разговорот со авторката Стефановска ќе го води уредничката на „Арс Ламина“ Бисера Бендевска.