Гигантот Сони започна кампања за микро рекламирање на Вимблдон

Од:

Овогодинешната публика на тенискиот турнир Вимблдон ќе има можност да учествува од една од првите микротизинг кампањи (рекламирање на микроскопско ниво), со помош на тенисерката Ана Кеотавонг.

За прв пат во историјата на ова првенство, некои натпревари ќе се снимаат во 4к Ultra HD – најсовремена технологија што снима со 4 пати поголема резолуција одколку од Standard HD – што значи и најмалиот детал ќе се издвои.

Англичанката Ана Кеотавонг ќе биде носителка на кампањата, со што ќе има мали реклами на нејзините нокти, тенискиот рекет, врвците, како и на други делови од нејзината спортска опрема.

„Многу од моите пријатели, а и моето семејство пазат на секој детал додека играм. Некои од рекламите ги пронајдоа, но има и неколку што сеуште ги немаат откриено“, кажа тенисерката.

Оваа кампања ќе трае се додека Ана учествува во турнирот, со што истата ќе се повтори во наредни настани кои ќе бидат снимани во 4к.

Пол Гилс, првиот човек за маркетинг на Сони изјави:

Се повеќе и повеќе настани ќе се снимаат во Ultra HD, што значи гледачите ќе го видат секој детаљ. Ние мислевме да ги поместиме границите на рекламирањето со оваа кампања – докажувајќи дека Сони телевизорите можат да го фатат и најмалиот елемент.

Двете најпознати камери што снимаат во 4к ќе го зледат Вимблдон – F55 35mm 4k камерата и NEX-FS700, за кои Марк Десмод, Деловниот директор на „Ол Ингланд Тенис Клаб“, забележа само позитивни зборови.

Исто така изјаи:

„Иако Вимблдон е еден од најстарите тениски турнири, тоа не значи дека сме заостанати и во време, како што докажува и оваа најнова технологија. Горди сме на партнерството со Сони бидејќи станавме првиот светски турнир кој го користи овој најнов технолошки изум.“

Матеј Тројачанец

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех