Затворен угостителски објект во Скопско поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19

Од:

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во координација со Државен пазарен инспекторат, по претходна пријава, вчера во 21:50 часот, извршиле контрола во угостителски објект во село Јурумлери, Скопско, сопственост на 39-годишниот А.Ш. од истото село, по што објектот бил затворен од овластени лица од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле лишени од слобода и спроведени во полициска станица за понатамошна постапка, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведоa дека при контролата било констатирано дека внатре во објектот има 15 гости, музичар и пејачка (музика во живо), со што било постапено спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он